НАСА избра 10 нови астронаути, од 12.000 кандидати

Од:

Изборот на американската Национална воздушно-вселенска администрација за нови астронаути заврши. Од 12.000 кандидати, избрани се 10, соопшти НАСА.

– Секој од нив има одличен склоп од неопходни квалитети, но заедно го отелотворуваат кредото на нашата земја: E pluribus unum – еден од многуте!, рече шефот на НАСА, претставувајќи ги идните астронаути.

Меѓу 10-те регрути има четири жени и шест мажи, при што најмладиот кандидат за астронаут има 32 години, а најстариот – 45 години. Повеќето од идните астронаути се поранешни воени лица.

Обуката на регрутите ќе започне во јануари 2022 година и ќе трае околу две години. За тоа време тие ќе треба да го совладаат рускиот јазик, да се запознаат со работата на Меѓународната вселенска станица, да се подготват за идните вселенски патувања и да вежбаат управување со авионот за обука „Т-38“. По завршувањето на обуката, астронаутите ќе учествуваат во различни мисии и на вселенски бродови на приватни компании и на вселенското летало Орион на НАСА.

Според агенцијата, од 1959 година, кога е избран првиот состав астронаути, 360 Американци биле обучени за летови во Вселената. Од нив, 48 се дел од сегашниот корпус астронаути.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината