НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележува 77 годинини од основањето

Од:

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, со свечена програма, а во рамки на дозволените протоколи, ќе го одбележи својот патрон Свети Климент Охридски и 77-годишнината од основањето.

На чествувањето, како што најавија од Библиотеката, ќе присуствува министерката за култура Ирена Стефоска и амбасадорот на Н.Р. Кина Џанг Ѕуо, како и директори на национални културни установи.

Програмата ќе почне во 10:00 часот пред споменикот на Свети Климент Охридски во дворот на НУБ „Св. Климент Охридски“ каде што машкиот ставропигијален хор при храмот „Св. Ѓорѓи“ ќе ја изве де „Тропар на Св. Климент Охридски“, а потоа в.д. директорката Јелисавета Костадинова со своите соработници и присутните гости, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот.

Програмата ќе продолжи во холот на НУБ, со обраќање на в.д. директорката и на амбасадорот Ѕуо.

Проф. д-р Анета Серафимова ќе одржи беседа за Св. Климент Охридски по што повторно ќе настапи машкиот ставропигијален хор со духовни композиции.

Ќе следува традиционалното доделување на јубилејните награди за вработените во НУБ „Св. Климент Охридски“, а претседателот на Библиотекарското здружение ќе ја додели наградата „Библиотека на годината“.

По повод патронатот на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Искра Димитрова, подготви интерактивна изложба „Портрети“ за која ќе даде објаснување и истата ќе ја отвори.

Би можело да ве интересира

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Владина делегација се поклони пред споменикот на Свети Климент Охридски

Ана Ололовска

Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски

Ана Ололовска

Врачена државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2018 година

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е значаен ден од македонската историја

Ана Ололовска

Одбележан празникот Свети Климент Охридски и 25-годишнината од смртта на Блаже Конески

Ана Ололовска