Царски рез: Реална потреба или хир?

Од:

Во последната деценија бројот на жени кои се одлучуваат наместо по природен пат да се породат со царски рез нагло расте. Повеќето жени се определуваат за царски рез бидејќи веруваат дека природното породување предизвикува голема болка, но не знаат дека и самиот царски рез може да предизвика компликации.


Индикации за царски рез

Царскиот рез во најголемиот број на случаи се изведува кога:
-можни проблеми во породувањето, грлото на матката не може да се отвори
-несразмерна големина помеѓу детето и величината на мајчината карлица
-основана претпоставка дека здравјето на детето е во опасност
-бебето е во поставеност која оневозможува породување по природен пат
– лоша здравствена состојба на мајката
-итни случаи поради проблеми со плацентата
-ако мајката веќе се породила со царски рез во минатото бидејќи некои жени не можат да имаат нормално породување после царскиот рез.

Операција и заздравување

Во праксата постојат два типа на царски рез и тоа попречен и надолжен. Денес повеќе се практикува попречниот во бикини зоната кој е поприфатлив за пациентките. Откако лекарскиот тим го вади детето од мајчиното тело, започнува затворањето на слоевите од матката до кожата. Доколку сè помине без компликации во болница се останува од 3 до 4 дена, а потоа заминувате дома каде што ќе треба да мирувате. Целото заздравување може да трае од 6 недели до неколку месеци во зависност од состојбата.

Недостатоци на царскиот рез

Подолго заздравување – стравот од природното породување често ги доведува трудниците до одлуката да раѓаат со царски рез за кој се верува дека е побрз процес кој бара ден или два поминати во болница. Сепак, вистината е дека поради користењето на анестезија и други лекови и самиот оперативен зафат, заздравувањето е подолго во споредба со она кај природното породување.

Зголемена можност за инфекции, крвавења и тромбози – за разлика од природното породување, царскиот рез ги зголемува шансите за инфекција на внатрешните и надворешните резови. Во некои случаи може да дојде до појава на сериозна инфекција која наложува правење на нова операција и земање на силни дози на антибиотици.

Зголемена тежина – во многу случаи жените по породувањето со царски рез се жалат на вишок килограми кога салото се концентрира во делот под резот. Освен тоа некои велат дека немаат осет во делот околу раната.

Како да се справите со болките по операцијата?

Откако ќе поминат неколку недели од операцијата би било добро да започнете да пешачите. Тоа ќе помогне во одржувањето на флексибилноста на телото и ќе помогне во отстранување на здрвеноста по долгото мирување.

Започнете со редовно вежбање со цел телото да остане активно. Сепак, тоа не треба да бидат тешки вежби туку нешто полесно.

Земајте ги лековите кои што ви ги препишале онолку долго колку што ви било препорачано и редовно одете на контрола.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска