Ковачевски: Членовите на СДСМ ќе бидат одговорни да ја оценат работата на идното партиско раководство

Од:

Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентираше својата изборна програма. Ковачевски периодот ја претставува својата програма пред раководствата на општинските организации, форумите на жени, членовите на Централниот одбор и пратениците од сите скопски општини, соопштија денеска од СДСМ.

Фокусот на програмата на Ковачевски, како што наведуваат, е врз внатрешното реформирање на партиските процеси коишто би резултирале со поголема инклузивност на членовите на партијата кон директно оценување на работата на раководството и финално до зацврстување на релациите и соработката Влада-локална самоуправа-партија.

Ковачевски на средбата ја истакна реформата на месните одбори коишто во иднина треба да прераснат во појдовна точка на зголемување на функционалноста на партијата.

-Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира при што основите за функционалноста на партијата мора да започнуваат токму од овие локални, но суштински јадра на партијата. Нашите членови ќе мора да нè евалуираат нас раководството и ние да постапуваме, изјави Ковачевски.

Дополнително, информира СДСМ, Ковачевски додаде дека како дел од својата програма предвидува и ревидирање на партиските комисии. Според него, токму комисиите се клучни да се активираат како тела во креирањето и евалуирањето на политиките на партијата. Тој додава дека позицијата на партијата мора да се зацврсти до таква мерка СДСМ да претставува столб во креирањето на политиките на државата.

-Димитар Ковачевски ја поднесе својата кандидатура за иден претседател на Социјалдемократскиот сојуз преку својата програма насловена како „Заедно, одговорно и посветено“ којашто се темели на три столба: Социјалдемократска визија, економски раст и фер шасна и јасен систем со одговорности. На денот на поднесување на својата кандидатура тој истакна дека секој глас од партијата треба да биде слушнат, додека на вчерашната средба, Ковачевски и потврди дека интерните консултации во партијата се потребни на секое ниво – што може да се забележи како силна компонента во програмата на Ковачевски, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он