Министерот Бесими го достави дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година до Собранието

Од:

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој треба да биде усвоен на пленарна собраниска седница најдоцна до 31 декември.

Дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година ги содржи прифатените амандмани во текот на расправата во собраниските комисии. Вкупната вредност на прифатените амандмани изнесува 382 милиони денари, што е проценето како една од најголемите измени направена преку амандманската расправа, што е потврда за инклузивноста на процесот на усвојување на буџетот и демократскиот капацитет на нашата земја.

На средбата министерот Бесими истакна дека очекува дебатата да продолжи во ваков дух на пленарната седница и со широка поддршка да се усвои Буџетот за 2022 година.

Главни цели на Буџетот за 2022 година се продолжување на грижата за заштита на здравјето на населението, економско заздравување и забрзување на растот, зголемување на инвестициите при спроведување фискална консолидација, како и поддршка на реформските процеси во правосудството и евроатлантските интеграции и непречено финансирање на основните функции на државата.

Како што информира Министерството за финансии, главниот фокус во Буџетот за 2022 година е на инвестициите, така што капиталните расходи се планирани на досегашно највисокото ниво од 38,2 милијарди денари. Капиталните расходи учествуваат со 14 проценти во вкупните расходи и се зголемени за 28,3 отсто во споредба со 2021 година. Притоа има кратење на непродуктивните трошења.

– Буџетот е конципиран според златното правило во јавните финансии, односно буџетскиот дефицит е помал од капиталните расходи, што значи дека задолжувањето ќе биде само за капитални расходи, а средствата ќе бидат насочени кон проекти кои даваат најголем ефект. Тоа ќе поттикне инвестициски циклус што ќе придонесе за забрзан економски раст, навдува Министерството за финансии.

Со дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година расходите се планирани во износ од 272,4 милијарди денари, што претставува раст од 1,4 процент во споредба со 2021 година и се на ниво од 35,2 отсто од БДП. Приходите се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 отсто повисоки од 2021 година. Оттука, буџетскиот дефицит се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

(ВИДЕО) Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование