Бесплатно ин-витро и за второ дете

Од:

Владата на последната седница донела одлука да се овозможи бесплатно ин-витро и за второ дете. За таа цел за наредната година ќе бидат обезбедени средства во висина од 1,5 милиони евра.

– Со министрите за финансии и за здравство долго време вршевме подготовки и пресметки затоа што се работи за прилично скапа интервенција. Веќе наредната година ќе планираме во буџетот дополнителни 1,5 милион евра за оваа активност, што заедно со ин-витрото за прво дете, за што годишно се издвојува еден милион евра, ќе биде вкупно 2,5 милиони евра за ин-витро за македонските граѓани, рече премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Ѓорче Петров.

Појасни оти се очекува средствата за ин-витро за второ дете за втората година да се намалат на еден милион годишно, што заедно со ин-витрото за прво дете ќе биде по два милиони годишно заедно. За првата година, рече, се планирани повеќе средства бидејќи има многу луѓе кои заради финансиски причини не можеле да направат ин-витро.

– На ваков начин Македонија станува лидер во овој дел. Не многу земји во Европа имаат можност и за второ дете да имаат бесплатно ин-витро како што тоа е случај со Македонија. Ова е една од повеќето наши активности поврзани со демографската политика, но што е најважно е од голема полза за многу семејства кои имаат проблем со зачнување, односно по природен пат да добијат деца. Мислам дека правиме една многу добра и корисна за многу семејства работа која ќе ги усреќи таквите слуѓе и ќе им ги направи животите поубави и посреќни, истакна Груевски.

Премиерот информира дека одлуката за бесплатно ин-витро ќе почне да се применува од 1 јануари наредната година.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска