Во Скопје 132 сообраќајни прекршоци

Од:

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17.

МВР денеска информира дека 10 санкции се за возење без возачка дозвола, а 23 прекршоци што ги чинат пешаците.

– Изречени се осум мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за користење мобилен телефон, 28 за непрописно паркирање, се наведува во соопштението.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија и апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава