Блинкен песимист околу преговорите со Иран

Од:

САД денеска соопштија дека не се оптимисти за разговорите за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година со светските сили, изјавувајќи дека за ден или два, кога Техеран ќе ги претстави своите предлози, ќе се знае дали Иран во разговорите влегува со добра волја.

-Мислам дека за ден или два ќе бидеме подготвени да одлучиме дали Иран доаѓа на разговорите со добра волја, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Стокхолм.

„Неодамнешните потези и неодамнешната реторика не ни даваат многу причина да бидеме оптимисти“, кажа Блинкен, додавајќи дека „не е доцна Иран да го промени правецот и значително да се ангажира“.

Иран го претстави нацрт-планот за укинување на санкциите и нуклеарните обврски кон европските сили вклучени во разговорите со Техеран и Вашингтон, изјави денеска главниот ирански преговарач.

Соопштението доаѓа на четвртиот ден од разговорите во Виена меѓу Иран и САД за враќање на договорот со кој се ограничува иранската нуклеарна програма во замена за укинување на економските санкции кон САД, Европската унија и Обединетите нации.

Преговорите продолжија во понеделникот, по петмесечна пауза, делумно предизвикана од тоа што Иран доби нов, антизападен претседател, Ебрахим Раиси.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски