Израел бара од светските сили да ги прекинат преговорите во Виена со Иран

Од:

Техеран спроведува нуклеарна уцена како преговарачка тактика и на неа треба веднаш да се одговори со итно прекинување на преговорите и спроведување на острите мерки на светските сили, изјави денеска израелскиот премиер Нафтали Бенет.

Израел побара од светските сили веднаш да ги прекинат преговорите за нуклеарна програма со Иран, цитирајќи го извештајот на Агенцијата за нуклеарен надзор на Обединетите нации во кој се вели дека Техеран почнал да произведува збогатен ураниум со уште понапредни центрифуги.

– Иран спроведува нуклеарна уцена како преговарачка тактика и треба веднаш да се реши со итно прекинување на преговорите и спроведување на остри мерки од светските сили, изјави Бенет во телефонски разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен, соопшти Кабинетот на Бенет.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) вчера соопшти дека Иран започнал процес на збогатување ураниум до 20 отсто чистота во напредни центрифуги IR-6 во неговата нуклеарна централа Фордов, закопана во планина.

Иран и светските сили на разговорите во Виена се обидуваат да го оживеат нуклеарниот договор од 2015 година, со кој се ограничува нуклеарната програма на Иран во замена за ублажување на меѓународните санкции.

САД се повлекоа од договорот во 2018 година, за време на администрацијата на тогашниот претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот