Њу Делхи повторно ги затвори училиштата поради загадениот воздух, се повеќе деца во болници

Од:

Индискиот главен град Њу Делхи нареди затворање на училиштата и колеџите од утре до натамошно известување поради загадувањето на воздухот, откако Врховниот суд ги критикуваше градските власти за повторно отворање, иако ситуацијата не е подобрена.

Градските власти минатата недела одлучија повторно да ги отворат училиштата и факултетите откако ги затворија речиси 15 дена поради загадениот воздух.

Врховниот суд денеска ја критикуваше одлуката и ја разгледува жалбата за неспособноста на Владата да го намали загадувањето на воздухот.

Останува во сила забраната за градежни работи и влез на дизел камиони со несуштинска стока, изјави градскиот министер за животна средина Гопал Раи.

Раи ги повика граѓаните да користат јавен превоз.

Властите во Делхи ангажираа уште 700 автобуси на гас за таа цел.

Поради лошиот квалитет на воздухот, се повеќе деца со проблеми со дишењето се во болница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати