На вториот ден на 11-тиот по ред „Фестивал на пивото и скарата“ во Прилеп според првичните бројки, се регистрирани 100.000 илјади посетители, се испиле 34 тони пиво, а изедени се околу 29 тони скара.
– Денеска и во наредните два дена ќе бидат срушени сите рекорди кои ги поставивме на претходниот „Фестивал на пивото“, посочи градоначалникот Марјан Ристески на прес – кофнеренција.
Посетителите синоќа уживаа во настапот на Калиопи, Владо Ѓоргиев и спектакуларниот настап на ИННА.
Кулминација на „Фестивалот на пивото“ се очекува денеска и утре кога атмосферата ќе ја загреат Халид Бешлиќ, Даниела Мартиновиќ, Миле Кузмановски, Соња Тарчуловска, Зоран Џорлев и Горан Бреговиќ.