Ричард Трети чиишто посмртни останки беа пронајдени под еден паркинг во Лечестер, ќе има погреб достоен на англиски крал, откако тамошната катедрала дозволи под притисокот на јавноста, ужасната од нејзината првична намера да го погреба во обичен гроб.
Во февруари годинава беше потврдено дека скелетот пронајден минатата 2012 година во текот на ископувањето на средновековен франкистански манастир навистина му припаѓа на англискиот крал Ричард Трети, што е најголемото археолошко откритие во поновата англиска историја, со кое беше разјаснета петвековната мистерија во врска со неговото последно почивалиште.
Останките Ричард Трети, кој настрадал во битката кај Босворт во 1485 година како последниот англиски крал кој загинал во битка, ќе бидат положени во лечестерската катедрала во централна Англија во согласност со правилата за погребување тела во близина на местата каде што се ексхумирани.
Откaко јавноста се побуни против планот останките на Ричард Трети да бидат закопани во едноставен гроб со обична надгробна плоча, диецезата соопшти дека ќе потроши милион фунти за организирање на закопот и гробницата којашто ја проектирале во бирото„ Van Heyningen & Haward”.
Посмртните останки ќе бидат погребани во градската катедрала, откако претходно се споменуваа две можни локации на погребувањето, катедралата во Јорк и Вестминстерската опатија во Лондон.