Во засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 144 мерки, меѓу кои 33 за возење повеќе од дозволената брзина, 13 за возење без возачка дозвола, 21 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 35 за непрописно паркирање.
Министерството за внатрешни работи информира дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.