Си-Ен-Ен го суспендираше Крис Куомо, помагал на брат му во случајот со сексуално злоставување

Од:

Си-Ен-Ен го суспендираше својот водител Крис Куомо на неодредено време, откако се појавија детали за тоа како тој му помогнал на својот брат, поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, да се соочи со обвинувањата за сексуално вознемирување, откриени претходно оваа година.

Телевизиската мрежа објави дека документите објавени од њујоршкиот државен обвинител во понеделникот укажуваат на тоа дека Крис Куомо бил повеќе вклучен во одбраната на својот брат отколку што знаеле раководителите на Си-Ен-Ен.

„Како резултат на сето ова, го суспендиравме Крис на неодредено време и чекаме дополнителни проценки“, соопштија од Си-Ен-Ен.

Водителот извршил притисок врз изворите поврзани со жртвите на неговиот брат и ги информирал соработниците на гувернерот за своите сознанија, активно помагајќи да се развие одбранбен план и одговор на обвинувањата.

Канцеларијата на државниот обвинител Летиша Џејмс откри дека Ендрју Куомо сексуално вознемирувал најмалку 11 жени.

Би можело да ве интересира

Пријава против поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, за сексуалното вознемирување

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо најави оставка

А1он

Главната помошничка на гувернерот на Њујорк поднесе оставка во екот на скандалот за сексуално вознемирување

Бајден го повика гувернерот Куомо, обвинет за сексуално малтретирање да поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Јавниот обвинител на Њујорк отвори истрага против гувернерот Куомо за сексуално вознемирување

Гувернерот на Њујорк Куомо нема намера да се повлече поради скандалот со сексуално вознемирување

Жарко Настоски