Во невообичаените горештини што владеат во Велика Британија во последните девет дена, како последица на високите температури починаа околу 650 лица, објавија британските медииуми, повикувајќи се на медицински извори.
Според професорот Бен Арстронг од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, за време на овој топлотен бран, кој е најдолг од 2006 година, починале меѓу 540 и 760 лица.
Во изминативе денови најмалку десет деца завршиле во болица поради изгореници од сонце, меѓу нив било и едно бебе старо само четири недели.
Болницата „Кралица Викторија“ само изминативе денови примила неколку десетици пациенти кои се здобиле со изгореници од сонце. Вообичаено, со вакви симптоми во оваа болница во текот на летните месеци се евидентираат по десетина случаи.
Лекарите апелираат луѓето да се заштиттуваат од „силните и штетни“ сончеви зраци со цел „летната забава да не им се претвори во најлош кошмар“.
Според лекарите, покрај опсност од изгореници, жешкото време носи ризик од топлотни уари.
Така само во текот на вчерашниот ден, кој официјално беше прогласен за најтопол со тепература од над 32 сепени, седум деца завршиле во болница со симптоми на топлотен удар.
Досега вкупно 13 лица, од кои четири вчера, ги загубиле животите давејќи се во желба да се разладат во реките или на британското крајбрежје. Покрај тоа, забележани се и зголемен број на смртни случаи поради срцеви и мозочни удари.
По шест последователни денови со температури од над 30 степени Целзиусови, британските метереолози најавија дека „големите горештини“ ќе продолжат и во текот на следната недела. Поради ова, во јужните и западните делови на Англија, вклучително и во реонот на Лондон, опасноста од горештини е покачена од второ на трето ниво.