Во Битола отворена фото изложба со мотиви од Пелистер

Од:

Со изложбата на фоторепортерите Петар и Сашо Ставрев насловена „Пелистер се гали со очите, а се милува со душата“, во Битола денеска се одбележа 30 ноември – денот кога во 1948 година дел од планината Баба е прогласен за Национален парк Пелистер.

Изложбата ја отвори директорот на Национален парк „Пелистер“ во Битола, Осман Кадриу.

-На денешен ден пред 73 години Пелистер беше прогласен за прв национален парк во поранешна Југославија и од тогаш до денес се води грижа за целокупното природно богатство на планината со цел да се зачува и заштити. Нашата работа ја посветуваме во заштитата на природните реткости и убавини на Пелистер и тие ќе бидат уште повеќе зачувани во соработка со граѓаните, истакна Кадриу.

Во фоајето на битолскиот Центар за култура поместени се над 100 фотографии од различни предели на националниот парк, кои според фоторепортерите Петар и Сашо Ставрев, содржат сочувани фотографии фотографирани во изминатите 30 години.

Би можело да ве интересира

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски