На вториот ден на 11-от по ред Фестивал на пивото и скарата во Прилеп се појави претседателот на СДСМ Зоран Заев, со неговите поблиски сорабтници.
Вечерта ја отвори „Давид Нешкоски Трио“, потоа следуваше настапот на незаменливата Калиопи, спектакуларниот Владо Ѓорѓиев и за крај следува настапот на INNA.
Кулминација на Фестивалот на пивото се очекува за време на деновите на викендот, кога атмосферата ќе ја загреат Халид Бешлиќ, Даниела Мартиновиќ, Миле Кузмановски, Соња Тарчуловска, Зоран Џорлев и Горан Бреговиќ.
На првиот ден имаше 50.000 илјади посетители на Фестивалот на пивото при што се испија 30 тони пиво и се изедоа околу 13 тони скара.