Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала рано утринава го погоди Егејското Море, соопшти турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Епицентарот на земјотресот бил во округот Измир, во близина на градот Урла, на длабочина од 3,97 километри, јави агенцијата Анадолија.
Регистриран е последователен земјотрес со јачина од 4,3 степени, а на длабочина од 7,16 километри.
Засега нема информации за жртви.