Тројца блиски соработници на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска се осудени на од пет до седум години затвор, под обвинение дека му обезбедувале млади проститутки, соопшти претседателот на Судот во Милано.
Судот ги казни поранешниот менаџер на млади таленти Леле Мора и телевизиската ѕвезда Емилио Феде со по седум години затвор, а на поранешната заболекарка на Берлускони, која подоцна станала и регионален советник, Никол Минети и изрече петгодишна затворска казна.
Тројцата се осудени за подведување на проституција, меѓутоа пред Судот тие негираа дека го прекршиле законот.