Судскиот совет го избра Бурим Сејдини за претседател на Управен суд

Од:

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. На конечната листа за избор имаше петмина кандидати за оваа функција. Сејдини беше претседател на Управен суд во период од 2017-та до 2021 година. При неговиот избор беше нагласена неговата професионалност, организираност, искуството и резултатите кои ги има постигнато информираат од Судскиот совет.

-На седницата Судскиот совет определи вршители на должноста претседател во неколку основни судови, Куманово, Ресен и Тетово. Досегашната претседателка Снежана Манев ќе раководи со Основен суд Куманово. За Основен суд Ресен е определена Емељ Кранли Али, која исто така до сега беше на челната функција во судот. Хасан Асани, досегашниот претседател на судот во Тетово е определен за вршител на должност. Тројцата претседатели се определни за вршители на должност поради континуитетот во работата на судовите, а на функцијата ќе останат одреден период, до официјален избор на претседатели, се вели во соопштението од Советот.

Со оглед дека во неколку судови има определено вршители на должност, Судскиот совет објави огласи за избор на претседател на основните судови во Куманово, Ресен, Тетово, Берово и за Основен кривичен суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието