Македонскиот народен театар (МНТ) и „Wonderland Theatre“ со претставата „Работи за кои не зборуваме“, во режија на Нела Витошевиќ, од утре до 27 декември ќе одржат балканско-европска турнеја. Првото гостување е во Центарот за културна деконтаминација, во Белград во Србија.
По изведбата во Белград „Работи за кои не зборуваме“ ќе гостува во Народниот театар, Битола, а потоа следи патувањето во Полска и театарот во Радом.
-Театарот опфаќа многу широк спектар на оригинални изведби, класични дела изведени во традиционална и помодерна форма, мјузикли, интимни современи претстави, наслови намÐ �нети за младата публика како и андерграунд-сцената која е посветена на современата драматургија, како и на оригиналните и експериментални перформанси, соопштија од МНТ.
Кон втората половина на декември претставата ќе се одигра на фестивалот „Денови на Јурислав Корениќ“ во Камерен театар 55 во Сараево, Босна и Херцеговина, а актерската екипа Драгана Костадиновска, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Исмет Шабановиќ и Никола Настоски, патувањето го завршува во нашата земја со гостувањето во Народниот театар „Ацо Шопов“ во Штип.
Инаку, „Работи за кои не зборуваме“ е креирана според вистински приказни и сведоштва на актерите, како и на интимни животни искуства на разни лица. Изобилува со многу емоции кои произлегуваат од самиот текст, а поединецот слоевито ги препознава стравовите, тагата, болката, траумите и празнините на сопствената душа.
Претставата носи силна порака за сите премолчени животни премрежја, трауми и трага по суровата вистина од која сите ние многу често се плашиме.
Премиерно беше изведена на 16 октомври и за краток период ја освои театарската публика.