700 кандидати ја поминаа првата фаза за прием на полициски службеници

Од:

Седумстотини кандидати од пријавените на конкурсот за прием на полицајци во Министерство за внатрешни работи го поминаа тестирањето за нивната физичка подготвеност и моторичките способности.

Минитерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска ја посети касарната Ѓорче Петров каде се вршат тестирањата на пријавените, смета дека бројот на кандидати кои ја поминале првичната селекција гарантира една квалитетна и добра конкуренција, односно дека за едно место полициски службеник ќе се натпреваруваат повеќе кандидати.

„До крајот на оваа фаза остануваат уште неколку дена. Досега селекцијата ја поминале 596 мажи и 104 жени, односно 10 до 15 проценти, што е една стабилна бројка на кандидати кои ги поминуваат проверките“, истакна Јанкулоска при што изрази очекување дека сегашниот тренд да се задржи и финалната бројка на кандидати кои би ги поминале првичните проверки да се движи околу 800. Притоа Јанкулоска соопшти дека меѓу кандидатите има припадници од сите етнички заедници, процентуално со нивното учество во вкупното население на Македонија, а за тоа каде ќе бидат распоредени засега не може да се каже.

Проверката на кандидатите се одвива низ повеќе фази. По оваа првата, во која се тестира физичката подготвеност и моторичките способности, следуваа присхолошките тестови, проверка на здравствената состојба, проверка на општообразовните познавања, писменото изразување и на крајот интервју која е и завршна фаза при селекција на кандидатите.

Конкурсот за прием на полициски службеници беше објавен на 4 јуни годинава, а се однесуваше на 300 вработувања.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски