При засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 149 мерки, од кои за возење повеќе од дозволената брзина 52.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, 14 санкции се за возење без возачка дозвола, 18 за управување под дејство на алкохол, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, две санкции за користење на мобилен телефон и три санкции на минување на затворен сигнал – црвено светло.
Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.