Започна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Од:

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател.

СДСМ како најголема, најпрогресивна и најдемократска партија, новиот претседател ќе го бира 12 декември.

Како што соопштува партијата, кандидат за претседател на СДСМ може да биде секој член кој ги исполнува условите наведени во Статутот и Правилникот за одржување внатрепартиски избори, меѓу кои што стои дека кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Постапката за кандидарање започнува денеска и ќе трае седум дена.

Право на глас на изборите има секој член кој активно ќе се регистрира. Можности за активна регистрација има две, преку онлајн платформата АКТИВНА РЕГИСТРАЦИЈА, достапна на банер поставен на веб страната на СДСМ.

И втора можност, преку општинските организации на СДСМ.

Активната регистрација на членовите започнува денеска и ќе трае седум дена.

СДСМ продолжува да реализира високи демократски принципи, да поставува нови стандарди на политичката сцена, како единствена партија која својот претседател го бира на непосредни, внатрепартиски избори, каде право на глас имаат сите членови.

Сите документи, обрасци, правилници и информации во врска со предвремените директни внатрепартиски избори во СДСМ се достапни на следниот линк или на официјалната интеренет страница на партијата.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа