СДСМ: Срамни и ниски се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да омаловажува искусни кадри кои работат во енергетиката

Од:

ВМРО-ДПМНЕ партијата која како власт го урниса енергетскиот сектор, а цената на струјата ја зголеми за 100 отсто денес како опозиција омаловажува искусни кадри кои се посветени на надминување на предизвиците во енергетиката реагираат од СДСМ.

-Како што објави и АД ЕСМ новиот директор на РЕК Битола е искусен, докажан кадар, кој досега ја извршувал функцијата директор на Термоелектрана, а претходно бил координатор за Електромашинско одржување и раководител на Служба за техничка сигурност. Станува збор за човек кој е дипломиран машински инженер и магистер по менаџмент на човечки ресурси, кој претходно работел во приватниот сектор и тоа токму во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога професионалните кадри беа маргинализирани само затоа што не беа членови на ВМРО-ДПМНЕ и дел од режимот. Срамно и ниски се обидите на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски за омаловажување на високо образовани лица кои дават свој придонес во општеството. Со тоа се покажува дека оваа партија дека не е излезена од режимската матрица на напади и омаловажувања на секој кој не мисли како нив, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски