Жените кои вежбаат за време на бременоста имаат поголеми шанси да се породат по природен пат, а не со царски рез.
Научниците тврдат дека малку побрзото одење трипати неделно двојно ќе го намали ризикот жената да роди претешко дете, што е главна причина за царски рез.
– Со истражувањето биле опфатени 500 бремени жени на кои вежбањето од 20 минути два дена во неделата им помогнало да ги намалат шансите за раѓање на претешко дете. Бројот на очекувани царски резови кај овие жени се намалил за 34 проценти, објави британското списание „Спортска медицина“.
Лекарите преупредуваат и дека жените со поголема телесна тежина ќе се породат со царски рез.