Високи палестински претставници на средбата во Рамалах со американскиот државен секретар Џон Кери разговараа за обновување на израелско-палестинските мировни преговори.
Средбата заврши рано утрово со решение да се побараат гаранции дека Израел ќе се согласи за границите на идната палестинска држава.
Претходно, Израел соопшти дека нема да се врати на преговарачката маса ако Палестинците поставуваат предуслови.
За денеска е предвидено Кери во Аман да се сретне со главниот палестински преговарач Саеб Еракат, но се уште не е познато дали американскито државе секретар ќе се сретне со израелскиот преговарач.