Голгетерот на аргентинскиот фудбалски гигант Ривер Плата, 21-годишниот Хулиан Алварез привлекува се поголемо внимание меѓу големите клубови, а последен во низата е Реал Мадрид, јавуваат денеска италијанските медиуми.
Според истите извори, Реал неодамна стапил во контакт со менаџерите на Алварез, кој сезонава на 17 натпревари во аргентинското првенство постигна 16 голови.
Паралелно со ова, во Аргентина пристигнаа претставници на италијанскиот прволигаш Јувентус, кои треба да проценат дали на клубот од Торино му се исплати да плати отштета од 20 милиони евра за услугите на Алварез.
Меѓу заинтересираните клубови се и Милан и Фиорентина.
Алварез има важечки договор со клубот од Биенос Аирес до 31 декември 2022 година.