Стапката на наталитет во Кина опадна на најниско ниво во последните четири децении

Од:

Стапката на наталитет во Кина опадна на најниското ниво во повеќе од четири децении, јави ДПА.

Кинескиот Завод за статистика соопшти дека падот од 18 отсто на раѓањата во 2020 година, на 12 милиони, делумно се должи и на пандемијата на коронавирусот.

Но, експертите долго време потенцираат дека високите трошоци за домување, образование и здравство во земјата, како и намалената подготвеност за брак, се главните причини за намалениот наталитет.

ДПА пренесува дека за првпат по 1978 година, стапката на наталитет во најнаселената земја во светот е едноцифрена, со 8,52 новороденчиња на 1.000 лица.

Поради намалувањето на бројот на раѓања и стабилниот број на смртни случаи, експертите сметаат дека најмногубројната нација во светот се движи кон нула раст на населението, а тие очекуваат оваа тенденција уште повеќе да се забележи во наредните години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски