Кипарската Влада ја проучува можноста за создавање на специјална инвестициска банка

Од:

Владата на Република Кипар ја разгледува можноста за создавање на специјална инвестициска банка со цел најдобро што може да се искористи евентуалната германска финансиска помош за островот.

Портпаролот на Владата Христос Стилианидис изјави дека се разгледуваат сите можни варијанти, кои би можеле да помогнат за зголемување на ликвидноста на кипарската економија.

– Има примери, најмногу во Шпанија, каде по германската помош беше создадена специјална инвестициска банка со цел да биде најдобр искористена таа германска помош, која може да се отпушти во форма на кредит, со исклучително поволни камати, изјави Стилианидис.

Тој додаде дека ова прашање било разгледано при неодамнешната средба меѓу кипарскиот претседател Никос Анастасиадис со германскиот канцелар Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ