Претставници од Асоцијацијата на грчките бродосопственици на средбата со грчкиот премиер Андонис Самарас изјавија дека се подготвени да го помогнат државниот буџет.
Грчките бродосопственици се подготвени да учествуваат во стабилизирање на економијата во следните три години.
Предвидено е тие сега да издвојат 75 милиони евра за буџетот, а потоа во следните три години да даваат по 140 милиони годишно.