Австралија од 1 декември ќе им дозволи на целосно вакцинираните да влезат во земјата

Од:

Австралија од 1 декември ќе им дозволи влез во земјата на целосно вакцинираните лица, кои ги исполнуваат условите да влезат во земјата, без да аплицираат за изземање од патувањето, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

Морисон, исто така, презеде и дополнителни чекори за повторно да ги овозможи меѓународните патувања во Австралија, а од почетокот на декември ќе им дозволи и на целосно вакцинираните граѓани на Јапонија и Јужна Кореја да влезат во земјата.

Најголемите австралиски градови, Сиднеј и Мелбурн, од 1 ноември ги отворија своите граници за меѓународните патници, иако од олеснувањето на правилата за влез корист досега имаа само граѓаните кои се враќаат во земјата и постојаните жители кои беа „заглавени“ во странство.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он