На аеродромот „Вацлав Хавел“ во Прага денеска била откриена лажна закана за поставена бомба во авион на нискобуџетската компанија „Џет 2″.
Дел од аеродромот бил евакуиран, откако една стјуардеса нашла порака на англиски јазик дека во авионот кој долетал од Англија има поставено бомба и по извршената проверка не е пронајдена експлозивна направа.
Компанијата „Џет 2″ заради безбедност го отстранило леталото за дополнителни проверки.
Патниците кои требаа да летаат до англискиот град Њукасл ќе заминат со задоцнување со друг авион.
Се претпоставува дека автор на заканата е некој од патниците, бидејќи екипажот во авионот смета дека дописот не бил во авионот пред полетувањето.