ВИДЕО: Хаос на улиците на Хаг на протестот против ковид рестрикциите

Од:

Нови судири избија доцна синоќа во неколку холандски градови на протестите против построгите мерки за борба против коронавирусот. Пет полицајци се повредени, а седуммина се приведени.

До пресметка на демонстрантите и полицијата дојде во Хаг каде силите на редот со водени топови ја растеруваа толпата.

Помали судири имаше во неколку градови, а навивачки групи прекинаат фудбалски натпревари поради тоа што се играа без публика поради ковид мерките.

Насилство сепак имаше значително помалку во однос на претходната вечер во Ротердам каде што тројца беа ранети, а приведени беа повеќе од 50 лица.

Холандија минатата недела стана првата западоневропска земја која воведе парицјален локадаун есенва поради растот на новозаразените со ковид.

Мерките ги бидат во сила најмалку три седмици, а се планираат и нови како што се забрана за влез на невакцинираните на одредени локации.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски