Најмалку две лица се повредени кога полицијата употреби солзавец и сила над демонстрантите кои беа собрани на годишнината од движењето на „Жолтите елеци“ во Франција.
На демонстрантите кои ја одбележуваа третата годишнина од движењето им се приклучија и демонстрантите кои протестираа против ковид пропусниците.
Протестот го обезбедуваа голем број полицајци, како што јавуваат медиумите ситуацијата била напната цело време.
Дел од учесниците фрлаа кон полицајците со лименки, шишиња и други предмети додека полицијата повремено фрлаше солзавец и удираше по демонстрантите со пендреци.
Пред почетокот на протестот беа уапсени две лица кои цртале графити на кои на навредлив начин биле прикажани Макрон, Бајден и шефот на париската полиција.