Полската полиција денес привремено му ја одзеде возачката дозвола на поранешниот висок функционер на Европската унија, Доналд Туск и го казни поради пречекорување на бризината на возење, објавува Асошиејтед прес.
Jest przekroczenie przepisu drogowego, jest kara zatrzymania prawa jazdy na 3 miesiące plus 10 punktów i mandat. Adekwatna. Przyjąłem ją bez dyskusji.
— Donald Tusk (@donaldtusk) November 20, 2021
Туск, кој сега е лидер на главната полска опозициска партија Граѓанска платформа, на Твитер објави дека казната е соодветна и дека ја прифаќа без дискусија.
Дозволата му е одземена на три месеца и доби 10 казнени поени од 24 гозволени, како и казна за пречекорување на брзината.
Полицијата соопшти дека лицето Доналд Туск во населено место возел 50 километри побрзо од дозволеното.