Иако сонцето го подобрува расположението и е многу здраво за кожата, постојат три правила за сончањето кои не смеете да ги прекршите, ниту вие, ниту вашите најблиски.
Крема со заштитен фактор
Експертите препорачуваат пред да се излезе на сонце, телото да се заштити со крема чиј заштитен фактор изнесува најмалку 15 за оние со потемен тен.
Доколку пак имате светла и чувствителна кожа треба да се заштитите фактор 30, а децата не смеат да бидат на сонце без фактор 50.
Нанесување на кремата за сончање и под сенка
Ако спаѓате во онаа група луѓе кои летниот одмор го минуваат под сенка, тоа не значи дека вашата кожа не е изложена на штетното сончево зрачење. Кремата нанесете ја уште пред да излезете надвор.
Исто така, погрижете се кремата да ја размачкате на кожата во доволна количина, бидејќи ако нанесете многу тенок слој, тоа може да ја намали нејзината делотворност дури и за 50%. Крема нанесувајте и секој пат штом излезете од вода.
Нега после сончање
Дури и кога е правилно заштитена кожата под влијание на сонцето ја губи влагата и затоа ѝ е потребна дополнителна нега. После сончањето кожата освежете ја со хидратантна крема или со лосион за после сончање.