Две лица повредени во сообраќајка во Ѓорче Петров

Од:

Вчера во 21.30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Ѓорче Петров“ и сервисна улица што ја поврзува со ул.„Панајот Гиновски“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.У.(25) од с.Бојане, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Х.(33) од с.Ливада, струшко, соопштија од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото со струшки регистарски ознаки С.Х.(32) од с.Ливада, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, а со телесни повреди се здобил возачот Д.У., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско