Казнети 112 возачи вчера во Скопје, 38 за брзо возење

Од:

Полицијата вчера при контрола на територијата во Скопје казнила 112 возачи, од кои 38 за возење со поголема брзина од дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Девет санкции се изречени за возење без возачка дозвола, девет за минување на црвено светло, две за возење под дејство на алкохол, 24 за непрописно паркирање, две за нерегистрирани возила, 10 за користење мобилен телефон, три за вградени нетестирани фолии (затемнети стакла), две за прекршоци од возачи на мотоцикли.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава