СДСМ: Нови докази за аферата „криминални парцели“, телохранителот на Мицкоски на дар добил 40.000 метри квадратни земјиште

Од:

„Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да даде јасен и точен одговор на прашањето: каква е неговата поврзаност со скандалот „криминални парцели“? Јавноста деновиве сведочи на нови докази околу овој скандал и сите водат до Белиот дворец, до поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и луѓе околу Мицкоски“, соопшти СДСМ.

„Имено, телохранителот на Христијан Мицкоски, извесен Влатко Илиевски, со еден купопродажен договор продал земјиште од речиси 40.000 метри квадратни во регионот на Делчево во вкупна вредност од 500.000 евра.

Парцелите кои Илиевски ги продал не ги купил, туку истите како дар ги добил само неколку недели пред да ги продаде.

За оваа шема која се случила пред стартот на изборната кампања, предистрага има отворено и надлежна институција.

Сите јавно објавени документи покажуваат вмешаност на лица кои се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Телохранител на Мицкоски, поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево, татко на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во приватни џебови или во Белиот сдворец за што постојат оправдани сомневања?

Потребна е брза, ефикасна истрага од надлежните институции која ќе ги даде сите одговори и ќе лоцира одговорност во оваа афера „криминални парцели“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер