Во Тетово изречени 42 казни за брзо возење

Од:

Полицијата денеска за четири часа во Тетово бележи 42 пречекорувања на максимално дозволена брзина во контрола на возачите. Во два случаи возачите се движеле со брзина од 70 километри повеќе од дозволеното.

–Денеска (18 ноември) во периодот од 10 до 14 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата, во која вкупно се откриени и санкционирани 42 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Две од пречекорувањата биле за над 70 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и шест пречекорувања во населено место, од кои едно за 50 километри на час, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Во акцијата санкционирани се и други видови сообраќајни прекршоци.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава