(ВИДЕО) Арсовски: МВР излажа дека не се крадело струја – ЕВН вели дека нема посебни броила во ГТЦ

Од:

„Три дена молчат и директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски и претседателот на бордот на директори Трајанка Тасевска која инаку е сопругата на директорот на БЈБ при МВР. Во сред ГТЦ во подрумите позади мене, се копало криптовалути нелегално неколку години откако е СДСМ дојдено на власт, се копало со крадена струја, а МВР не сака да преземе никаква одговорност и ги штити криминалците“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто МВР пред три дена ја повлече полицијата да не ја извршат својата работа?

Дали затоа што ургирала сопругата на директорот на БЈБ Сашо Тасевски или пак затоа што ургирал коалициониот партнер на Зоран Заев, за кој се смета дека негови се и машините за копање криптовалути, а тоа е семејството Бајрам и лично тие имаат ургирано кај Заев и Оливер Спасовски? Како и да е, МВР има двојни аршини за криминалот.

Оливер Спасовски и МВР ги штитат овие луѓе за сериозен криминал, каде што имаат украдено струја преку ГТЦ во вредност од стотици илјади, а можеби и милиони евра.

Замислете, МВР излезе и кажа дека не се крадело струја и при тоа разговарале со ЕВН кои што им потврдиле, а од ЕВН пак велат дека немаат таму дополнителни броила и практично потенцираа дека МВР со нивната изјава во јавност лажат и со тоа уште еднаш го штитат криминалот.

Да резимираме, директорите на ГТЦ, коалициониот партнер на Заев, семејството Бајрам, и МВР се соучесници во овој сериозен криминал кој тежи стотици илјади евра украдена струја. А, нормално мора да е одобрен од Зоран Заев.

Сите треба да одговараат кривично, бидејќи 3 години штителе криминал и крадење на струја, бидејќи и самите тие се соучесници во овој случај.

Додека МВР, Ѓоко Трајчевски и Трајанка Тасевска молчат, тоа е доволна потврда дека се замешани во сериозен криминал и се фатени живи. Одговорност, но и надомест на штета мора да има“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски