Во Дебарско пронајдена марихуана во вредност од над 500.000 евра

Од:

Десет поголеми најлонски пакувања со марихуана се пронајдени денеска во 01.05 часот по полноќ на Банишко поле, во близина на граничната линија со Република Албанија, во атар на дебарското село Аме.

Од МВР информираа дека марихуаната е пронајдена од страна на полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Блато“ , Регионален центар Запад.

– Извршен бил увид и било констатирано дека во пакувањата има марихуана со вкупна тежина од околу 200 килограми со вредност од над 500.000 евра. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он