Светска банка: Годинава дознаките зголемени за 7,3 отсто

Од:

Дознаките испратени во државите со пониски и средни приходи се зголемија за 7,3 отсто оваа година на 589 милијарди долари, соопшти Светската банка, истакнувајќи дека овој тренд на раст е поголем од очекуваниот. Трендот на испраќање дознаки се покажал отпорен и покрај глобалната рецесија предизвикана од пандемијата Ковид-19, бидејќи, освен овогодинешниот значителен пораст, минатата година забележа пад од само 1,7 отсто.

Во извештајот на Светска банка за миграција и развој се наведува дека тековите на дознаките кон земјите со пониски и средни приходи, освен Кина, ќе го надминат збирот на приливите на странски директни инвестиции (СДИ) и странската развојна помош (ИРП) втора година по ред.

„Дознаки испратени од мигрантите се значително дополнување на владините програми за трансфер на готовина за да им се помогне на семејствата кои се соочуваат со економски тешкотии за време на кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19“, истакна Михал Рутковски, директор на одделот за социјална заштита и вработување на Светска банка.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот