Заев се сретна со амбасадорот на Република Албанија Чејку

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во рамки на редовните контакти со претставници на странски држави во Република Македонија оствари работна средба со амбасадорот на Република Албанија, Арбен Чејку.

Како што стои во соопштението, во конструктивниот разговор најголемо внимание беше посветено на зголемување на економската соработка меѓу Албанија и Македонија и можностите опозицијата да влијае на продлабочување на односите и на ова поле.

На средбата се разменети мислења и за билатералната соработка во насока на меѓусебно помагање во однос на евроинтегративните процеси.

Станало збор и за други прашања кои ги третираат односите меѓу Албанија и Македонија, како и за повеќе актуелни теми поврзани со економската и политичката состојба во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски