Дежер: Србија да формира преговарачки тим со Унијата

Од:

Шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Венсан Дежер смета дека Србија треба што поскоро да формира преговарачки тим со Унијата.

Според него процесот бара јасен меѓувладин тим кој ќе може да ги покрие сите 35 поглавја на тој начин што ќе подготви кредибилна и убедлива преговарачка позиција во сите области.

-Тоа бара целосна стручност и знаење, но и добра врска со административната структура за да се осигура правин примената на одлучните мерки. Од големо значење е тимот да има целосна поддршка од државното раководство, за да има одреден авторитет над администрацијата-рече тој во последното интервју за „Денес“.

Според него доколку во одредени области недостасуваат експерти, не треба да се размислува туку треба да се искористи знаењето на универзитетските професори и невладините организации.

Тој потсети дека Европската комисија веќе го подготвила нацртот за преговарање кој до крајот на месецот треба да им биде претставен на сите членки на ЕУ.

-Во него ќе се постават сите принципи за преговарање, како и обврски. Обврските ќе вклучат, на пример почитување на принципите од договорот за стабилизација и приклучување. Него мора да го усвојат сите држави членки во наредните месеци, во рок кој што ќе го одреди Европскиот совет, односно разговорите да започнат најдоцна до јануари 2014 година-нагласи Дежер.

Шефот на делегацијата на ЕУ додаде дека Србија треба да продолжи да ги спроведува актуелните структурни реформи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград