На 26 ноември Земан ќе го назначи Петар Фијала за премиер на Чешката Република

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан на 26 ноември за нов премиер ќе го назначи Петар Фијала, лидерот на коалицијата која победи на парламентарните избори.

Фијала, лидер на Граѓанската демократска партија и коалицијата Заедно, која ја сочинуваат конзервативци, демохристијани и либерали, изјави дека денеска во болница во Прага на Земан му го претставил составот на идната влада.

Во новата влада, исто така, ќе бидат и сојузот на независни градоначалници и Пиратската партија, со која коалицијата на Фијала, Заедно, се договори за влада набргу по изборите.

На редовните парламентарни избори на 8 и 9 октомври, петте партии заедно освоија мнозинство од 108 од 200 пратеници во долниот дом на чешкиот Парламент.

Фијала рече дека Земан по неговото назначување за премиер ќе сака да се сретне со кандидатите за министри.

– Имаше замерки само за едно име, но се договоривме засега да не соопштуваме кој е, изјави Фијала.

Претходно во медиумите се појавија шпекулации дека на Земан во новата влада може да му пречи името на новиот шеф на дипломатијата Јан Липавски од Пиратската партија.

Липавски деновиве ја оспори големата желба на Земан чешката амбасада во Израел да биде префрлена во Ерусалим, а се заложи и Прага да ги ревидира досегашните односи и соработка не само со Русија туку и со Кина.

Ако дозволи неговото здравје, бидејќи тој е во болница од 10 октомври поради компликации од хронично заболување на црниот дроб, Земан ќе назначи нова влада по средбите со сите министри, на почетокот на декември во претседателскиот замок Лани во близина на Прага.

Земан, чија здравствена состојба е значително подобрена, во понеделникот беше префрлен од интензивна нега во обична соба за да може да прима посети и делумно да ги извршува обврските.

Оттогаш прво се сретна со премиерот во заминување Андреј Бабиш, а потоа и со претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, која дојде во Прага да ја одбележи 32-годишнината од чехословачката Кадифена револуција.

Револуцијата почна со брутално тепање студенти од страна на комунистичката полиција во Прага на 17 ноември 1989 година.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница