Зетот на Бил и Хилари Клинтон сака да ја купи „Еуробанк“, една од четирите најголеми банки во Грција, тврди весникот „То Вима“.
Управата на „Еуробанк“ e во преговори со странски фондови во пресрет на нејзината делумна приватизација планирана за оваа есен, кога се предвидува да бидат продадени 25 отсто од акциите на банката. За купување на овие акции интерес пројавила и канадска компанија, која веќе има инвестирано во банкарскиот сектор во Грција.
Интерес за банката покажал и фондот „Иглвејл Партнер“, чиј коосновач е познатиот инвестициски банкар Марк Мезвински, кој е зет на Бил и Хилари Клинтон, наведува весникот „Еуробанк“ е во фокусот на интерес и на фондот „Трд Поинт“, кој стана познат со инвестициите во грчките хартии од вредност, што му донесоа заработка од над 500 милиони евра за само неколку месеци.