Самопрогласениот шаман кој стана симбол на крвавиот упад во американскиот Конгрес, може да биде осуден на затворска казна од повеќе од четири години.
Четворица загинаа во инцидентот, вклучително и еден полицаец, додека други 140 полициски службеници беа повредени. Други четворица полицајци кои учествуваа во немирите, по некое време си ги одзедоа животите.
Обвинителите посочуваат дека сега славниот Џејкоб Ченсли кој во септември ја призна вината за опструирање на работата на Конгресот, самиот побара од судијата да му изрече 51-месечна казна.
Ова е најстрогата казна за некој од илјадниците кои учествуваа во немирите како поддршка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.