Почнува 11. „Пиво фест“ во Прилеп

Од:

Со огномет, музика, пиво и вкусна скара вечер почнува 11. по ред летна манифестација „Пиво фест“ во Прилеп.

– Од денеска па до недела додека трае Фестивалот, сите патишта ќе водат во Прилеп. Веќе ни пристигнуваат гости од земјава, од балканските земји и од прекуокеанските држави. Капацитетите во градот се полни, така е и во соседните Крушево и Битола. Градот целосно е подготвен за Манифестацијата, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Марјан Ристески.

Штандовите на пиварниците се веќе поставени во центарот, на булеварот „Гоце Делчев“. На 4.000 метри квадратни се поставени 28 штандови. Овие четири фестивалски дена ќе се дегустираат 20-ина видови пиво, ќе се јаде вкусна скара.

– Секоја вечер очекуваме барем по 100-ина илјади гости. Организирани сме со околу 10.000 паркинзи, ќе има вонредни линии возови кои ќе сообраќаат на релација Куманово- Скопје-Прилеп, а на Паркот на револуцијата е оспособен кампинг простор и на сите гости ќе им се нуди бесплатен чај, кафе и чорба, истакна Ристески.

Првата фестивалска вечер е посветена на македонските евергринови. Ќе настапат Драган Мијалковски, Маја Оџаклиевска, Дани Димитровска, Зафир Хаџиманов, а околу полноќ загребската група „Ту челос“.

Според организаторите Фестивалот е посебна туристичка атракција. На сите туристи ќе им се објаснат знаменитостите, а на располагање ќе им бидат пајтони и прилепскиот воз. Се очекува да се надминат досегашните рекорди на посетеност, испиено пиво и изедена скара.

Би можело да ве интересира

Прилепски „Пивофест“ од 18 до 21 јули

Ана Ололовска

Пиволенд прераснува во „Skopje beer fest“

Ана Ололовска

Прилеп подготвен за вечерното отворање на „Пивофест“

Ана Ололовска

Почнаа подготовките за „Пивофест 2018“

Ана Ололовска

Заврши 15. „Пивофест“ во Прилеп

Ана Ололовска

Последна вечер на „Пивофест“ во Прилеп

Наум Локоски